Услови за испорака

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Р. Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката се наплаќа во зависност од тежината на производот, без оглед на висината на износот на нарачката, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките ќе се врши преку доставувачка компанија, партнер за логистика на Интер Стар ДОО - Куманово за овој вид испораки.

Партнерот за логистика на Интер Стар ДОО за овој вид испораки, има обврска да го контактира Купувачот за да се договори точното време на испорака во рок од 3 до 7 работни дена по извршената онлајн нарачка.

Доколку доставувачот, овластеното лице на партнерот за логистика на Интер Стар ДОО - Куманово за овој вид испораки не успее да го најде Купувачот или наведеното лице за прием на нарачката на наведената адреса за испорака, ќе биде оставена писмена информација до испраќачот за направен обид за испорака и информации за контакт, каде што Купувачот е должен да се јави во рок од 2 работни дена, со цел повторно да се договори термин за испорака на нарачката на адресата на Купувачот.

Важно: Интер Стар ДОО - Куманово не сноси одговорност за евентуални доцнења на пратките предизвикани од страна на доставувачката компанија (карго партнерот). По предавањето на пратката на курирската служба, навремената достава е во нивна надлежност. Ние ќе ве известиме по е-пошта кога вашата нарачка е испратена и предадена на карго компанијата.

Доколку Купувачот не се јави во продолжениот рок од 2 дена, Интер Стар ДОО - Куманово има потполно право да го задржи производот и/или услугата, а парите не ги враќаме назад.